Во Прилепско и Битолско имало проблеми од големите завчерашни врнежи дожд, бидејќи за 24 часа наврнале 35 литри дожд.
Регионалниот ЦУК Битола известува дека по пријава добиена на бројот за итни повици 112 за поплавената куќа и дворно место во село Пешталево вчера повторно е контактирана Општина Долнени од каде што одговориле дека интервенирале со градежна машина и дека повторно ќе интервенираат.
Се работело за поплава од атмосферски води, поточно неможност водата да истекува по изградба на пат, одговориле од општината за ЦУК.