More

    Поради штрајк на персоналот за безбедност на аеродромот, утре ќе биде затворен најважниот воздухопловен центар на Германија, аеродромот во Франкфурт

    spot_img

    Поради штрајк на персоналот за безбедност на аеродромот, утре ќе биде затворен најважниот воздухопловен центар на Германија, аеродромот во Франкфурт, соопштија од управата на најголемиот фермански аеродром.

    – Поради фактот што нема да има контрола на патниците, пристапот на патниците до аеродромот е спречен и поради оваа причина решивме да го затвориме аеродромот за сите патници кои треба да полетаат од Франкфурт –  изјави портпаролот на компанијата Фрапорт која управува со аеродромот во Франкфурт.

    Засега не е познато како овој штрајк ќе влијае на патниците кои транизитираат во Франкфурт, со оглед на тоа што дел од авионите слетуваат според планираното. Од планираните 1.170 пристигнувања и полетувања, досега се откажани 650.

    В петок штрајкува и персоналот на компанијата Луфтханза, на која отпаѓаат две третини од летовите во Франкфурт, па сè уште не се знае како ќе се одвива сообраќајот тој ден. Синдикатот Верди го повика персоналот на Луфтханза, вработен во копнените служби, на дводневен штрајк. Вработените во обезбедувањето штрајкуваат само утре.

    Вториот најважен меѓународен центар на Луфтханза, аеродромот во Минхен, останува отворен, но не се знае во колкав обем и со кој интензитет ќе се одвива сообраќајот.

    Во исто време со штрајковите на аеродромите ширум Германија, утре во 14 часот започнува и 35-часовен штрајк на машиновозачите, кој најмногу ќе го парализира железничкиот транспорт во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img