Бекингемската палата објавИ дека кралицата Камила ќе паузира од службените должности бидејќи е исцрпена од обврските откако беше објавено дека кралот Чарлс боледува од рак. Таа замина на еднонеделен одмор во придружба на блиски пријатели. Ќе се врати на 11 март за кога се закажани прославите на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, каде ќе го претставува кралското семејство, додека кралот ќе се обрати преку видео порака.
76-годишната кралица ги презеде повеќето службени должности на болниот крал, на кого минатиот месец му беше дијагностициран канцер. Кралот Чарлс почна третман за лекување, а во меѓувреме поголемиот дел од кралските должности ги презедоа другите членови на кралското семејство
Сопругата на Чарлс беше водечки работен член во кралското семејството откако и Кејт Мидлтон паузираше од своите обврски поради операцијата на абдомен што ја имаше пред еден месец во Лондон. Голем дел од должностите извршува и принцот Вилијам.
Кралицата Камила се појави на 13 настани откако беше објавена дијагнозата на кралот, а потоа реши да се одмори. Ваквиот потег на кралицата да замине на одмор додека кралскиот двор се соочува со сериозни проблеми поради болеста на кралот Чарлс и на Кејт Мидлтон која исто така во јануари имаше хируршка интервенција со најавен неколкумесечен период на рехабилитација, наиде на силни критики во јавноста.
„Во тешки времиња, грижлива и поддржувачка сопруга ќе застане на страна на нејзиниот сопруг, но егоцентрична личност повеќе би сакала да се одмори и да оди на одмор. Го остави кралот да се справи со неговите борби, нејзе ѝ треба малку време да се опушти. Таа им предизвика проблеми на сите женски членови на нејзиното семејство. Таа беше личноста која соработуваше со медиумите и покрена прашања за татковството на Хари по смртта на неговата мајка. Таа го направи тоа поради непријателството на Хари кон неа“ – стои во една од критиките објавени на социјалните мрежи.
Тие што ја критикуваат кралицата ги осудуваат и останатите членови на британскиот кралски двор се за нивната наводна мрзеливост, живеење на туѓа сметка, па често ги следи прашањето „што прават тие“.
„Па, не береше малини во Ариље, па да се измори… се појавува… ги поздравува луѓето и кажува два-три бесмислени збора и се враќа во лимузината! Од што е исцрпена? , “Се изморија чекајќи го тронот”, „Што ако таа требаше да работи во фабрика или продавница 40 години? Уморна од примање и потпишување писма. Важи“, „Се знае дека се најмрзливото семејство“, „Тешка ситуација за Камила. Сакаше да биде кралица и сега и е тешко“ – ова се само дел од коментарите што ја следат кралицата Камила додека се одмора од кралските должности.