More

    Марија Габриел не попушта за уставните измени

    spot_img

    Ќе види ли аир Македонија од убавата Марија Габриел – за која се очекува да дојде на местото на ротациониот премиер Николај Денков? Поранешната вицепремиерка која некои ја обвинија дека го украла докторатот за да води Еразмус програми има импресивна биографија. Беше европратеничка, предводеше повеќе делегации во Европарламентот, добитник е на многу награди…

    Нејзиниот став за Македонија таа го искажа на новинарско прашање лани во септември во бугарскиот парламент:

    – Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога тие ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон – изјави Габриел додавајќи дека „во меѓувреме ние јасно ќе опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет“.

    Во тоа време Габриел беше вицепремиерка и шефица на дипломатијата.

    Позната беше и нејзината ијзава од декември пред бугарскиот парламент кога изјави дека уставните измени не се единствениот услов за патот на Македонија кон ЕУ, туку и почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола

    Таа присуствуваше на самитот на ОБСЕ во Скопје, но рече дека не требало да седне на иста маса со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров велејќи дека „не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации“.

    Габриел набрзо замина од самитот.

    За истиот тој самит Бугарија не му дозволи на Лавров да прелета над нејзина територија, па тој пет часа леташе преку Турција и Грција кон Македонија.

    Габриел лани во мај му го врати мандатот на бугарскиот претседател Румен Радев за формирање влада откако не беше постигнат договор, а оттогаш земјата има ротационен премиер. Нејзината партија ГЕРБ и ривалот Промените продолжуваат(ПП) договорија дека дадат поддршка на техничја влада со ротација до следните избори, а не ги прифатија барањата на помалите партии за формирање експертска влада.

    Во вторникот бугарскиот премиер Николај Денков од редовите на ПП поднесе оставка според планираното по девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата за неговиот коалициски партнер ГЕРБ да ја води земјата.
    Ова го отвора патот за Габриел, додека Денков ќе стане нејзин заменик.  Со усниот договор меѓу ГЕРБ и ПП беа избегнати шести парламентарни избори во рок од две години. Бугарија доби влада која доследно спроведуваше проевропска и НАТО политика.

    Но, договорот може да биде на несигурна основа, бидејќи и двата табора со недели се расправаат за позицијата министер за надворешни работи и за поделбата на другите министерства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img