Мечка нападна Дански турист во месноста Јелак на Шар Планина, кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мечка нападна Дански турист денеска околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

Според информаците од Центарот за управување со кризи мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.

Од ЦУК информнираат дека директорот Стојанче Ангелов е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде видео изјава со детали за нападот, по можност од лице место.

Share This Article