Европската Унија носи нов закон за намалување на отпад од пакување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската унија се договори околу новиот закон за намалување на отпадот од пакување и забрана на пластика за еднократна употреба – мали шишиња за шампони, кеси за супермаркети, пластична амбалажа за овошје и зеленчук…

Планирано е постепено да се намалува овој вид на отпад и тоа 5% до 2030 година и дополнителни 15% до 2040 година. Исто така, се предвидува до 2030 година целото пакување да биде направено од материјали кои можат да се рециклираат.

Дотогаш, забраната ќе важи за пластичните производи за еднократна употреба како чинии, чаши и кутии што ги користат рестораните за брза храна, пластична амбалажа за овошје и зеленчук во супермаркетите, облоги за багаж на аеродроми и слични стоки.

Во предлогот се наведува дека таканаречените „упорни хемикалии“ (PFAS) нема да можат да се користат во пакувањата што доаѓаат во контакт со храната.

Се претпоставува дека секој Европеец произведува речиси 190 килограми отпад од пакување годишно.

Share This Article