Коѕијас се отвори во врска со Преспанскиот договор

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Грција наскоро би можела да престане да го контролира македонското небо во рамките на НАТО, најави на панел-дискусија  на „Катимерини“ поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ова според него може да се случи бидејќи договорот за контрола на воздушниот простор сѐ уште не ратификуван во грчкиот парламент.

– Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта? – рече Коѕијас пред неколку денови.

„Грција нема храброст да го спроведе договорот“

Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО кои како Македонија немаат воздухопловни сили.

Коѕиас, кој е потписник на Преспанскиот договор, објасни како течеа преговорите и упати критики дека „политичкиот персонал во Грција нема политичка храброст да го поздрави тоа што земјата конечно реши еден проблем“.

„Па не победивме во светска војна да нема компромис за јазикот и за националноста“

Тој истакна дека македонскиот јазик уште од 1977 година е регистриран во ОН, а се осврна и на меморандумите што не се ратификувани во Парламентот.

Тој посочи дека во делот на јазикот и националноста станува збор за компромис.

– Не победивме во некоја светска војна за да не постои компромис – рече Коѕијас.

Таблите „Скопје“ и „ФИРОМ“ намерно се уште во употреба

Дополнително посочи дека актуелната грчка Влада ги распушти комисиите што постоеја за образовните прашања и за трговските ознаки, формира нови, но не постои напредок.

– Префектот во Солун, го задржува името „кон Скопје“ или „кон ФИРОМ“ на таблите со што го прекршува грчкиот закон, изгласан од Парламентот. Не е добро за земјата да не функционира овој Договор – додаде поранешниот шеф на грчката дипломатија.

- Advertisement -
Ad image

За аргументите за и против Договорот од Преспа, дискутираа и поранешните шефови на грчката дипломатија од Нова демократија, ПАСОК и СИРИЗА, Дора Бакојани, Евангелос Венизелос и Никос Коѕијас.

Ми се јавува Кондолиза, вели, прифати да влезат под ФИРОМ

Бакојани, пак, смета дека Договорот од Преспа е проблематичен е делот за јазикот и идентитетот, а не самото име, а детално се осврна на грчкото вето на Самитот во Букурешт во 2008 година.

– Ми се јавува Кондолиза, не ми вели здраво, како си, веднаш ми вели: „Имаме проблем“. Ѝ велам: „Да, голем“. Ми вели: „Знаеш, треба да прифатиш да влезат под името ФИРОМ“. Се наоѓаме една седмица пред Букурешт, не може да продолжат разговорите, не постои договор со Скопје. Ми вели: „Ќе го прифатиш“. Ѝ велам: „Само преку мене мртва“. Ми вели: „Не ме разбра“. Ѝ велам: „Што не разбрав?“. Ми вели: „Претседателот ќе биде многу вознемирен“. Ѝ велам: „Нема да биде ни прв ни последен пат претседателот да биде вознемирен“. Како што сфаќате овој разговор не помина многу добро. И бидејќи не помина добро и се изнервирав, реков нешто за што се каам. Ѝ реков: „Јас и ти имаме една разлика. Ти си поставена од претседателот, што значи одговараш пред претседателот, Јас сум избрана и одговарам пред народот“. И го завршивме разговорот – раскажа Бакојани.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article