Гоце Ристов ќе ја „брка“ посакуваната бројка од 10.000 за три дена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вчера до ДИК својата иницијатива за собирање потписи ја доставил Гоце Ристов. Тој е 14-тиот кандидат кој ќе се обиде да стигне до бројката од 10.000 за претседателските избори.

На последниот пресек, заклучно со вчерашниот ден може да се види дека тој нема собрано ниту еден потпис.

„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, објави вчера ДИК.

Во овој момент нема никакви информации кој е Гоце Ристов и од каде доаѓа и зошто токму сега се вклучил во трката за собирање потписи.

Во претседателската трка веќе влегоа 7 кандидати.

Прв до 10.000 стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.

Кандидатите кои стигнаа до 10.000 веќе не организираат собирање на потписи па нивните бројки денеска се речи си идентични како и оние вчера.

Share This Article