Школски автобус полн со деца денеска околу 13 часот, излетал од патот и завршил во ендек во Хрватска. Со десната страна се потпрел на јавен столб, што спречило да се преврти на страна.
Во автобусот имало 20 деца, повеќето се родени во 2010 година, но во несреќата нема потешко повредени, додека на две деца им била укажана помош. Станува збор за полесни повреди, велат надлежните.
„Возилото се преврте и слета во ендек покрај коловозот“, потврдуваат од полицијата, автобусот избегнувал друго возило на локален пат што не се држел до сообраќајната лента и слетал во канал.
Родителите набрзо дошле да ги земат децата и тие заминале дома во нивна придружба.