Задарската полиција спроведува истрага против наставник по музичко поради кривично дело „обид за обљуба“.
Станува збор за личност позната во културните кругови која со години е на повеќе истакнати функции.
Две деца, момче и девојче, го пријавиле наставникот за кривичното дело, пишуваат хрватските медиуми.
Полицијата не открива детали со цел да ги заштити децата и сторителот додека не се докаже неговиот престап.
„Поради сомнение за кривично дело во доменот на злоставување и искористување деца, полициските службеници од Криминалната полициска служба, во соработка со полициските службеници од Полициската станица Шибеник-Книн, спроведоа истрага за 50-годишниот хрватски државјанин. По кривичната истрага, беше поднесена кривична пријава против осомничениот до надлежното државно обвинителство, а осомничениот е предаден на одделот за притвор во Задарската полициска станица“, се наведува во полициското соопштение.
Истражниот судија на Општинскиот суд во Задар му одредил едномесечен предистражен притвор поради ризик од повторување на кривичното дело и можноста за влијание врз сведоците.