За време на Модната недела во Милано се одржа ревија на револуционерниот бренд „АВАВАВ“ познат по бизарните ревии

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За време на Модната недела во Милано се одржа ревија на револуционерниот бренд „АВАВАВ“ познат по бизарните ревии. Овој пат отидоа чекор понатаму и приредија шоу на кое публиката фрлаше супа, јајца, кори од банана и ѓубре по манекенките.

Како што излегуваа манекенките, на екраните се прикажуваа пораки на Интернет наменети за дизајнерката Беате Карлсон и за брендот. Иако публиката првично се двоумеше, како што одминуваше шоуто, сè повеќе од нив се приклучија во процесот. На пистата имаше сè повеќе ѓубре, а една манекенка се лизна.

На крајот на ревијата, дизајнерката Беате Карлсон излезе и ѝ се поклони на публиката, а потоа сопругот на извршната директорка на брендот ја удри со пита по лицето.

Share This Article