„Добро си љубов? Не плачи, Меси те удри!“, вака го смируваа расплаканото девојче

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ова им се случува и на најдобрите. Лионел Меси со топка удри мало девојче кое седеше на трибините зад голот на Орландо. Интер од Мајами оствари убедлива победа (5:0), а дуелот го одбележаа Лео и Луис Суарез. Аргентинецот не се прослави на крајот од мечот.

Сепак, одличната игра и головите останаа во сенка на неуспешен обид на Аргентинецот од слободен удар.

Меси имаше одлична можност да ја затресе противничката мрежа од околу 20 метри. Тој упати силен удар, го мина живиот ѕид, а топката наместо во голот заврши во трибините на стадионот. За жал, удрил бебе кое спиеше крај родителите.

Топката го погоди малото девојче, кое од страв веднаш заплака.

Потоа следеше шокантна реакција на таткото, кој беше воодушевен.

– Добро ли си љубов моја? Меси те удри, Меси те удри! Не е ништо – рече со насмевка таткото на девојчето.

 

Веројатно ова видео ќе допре до луѓето од Интер и самиот Меси, доколку тоа се случи, голема е веројатноста тие да се обидат на некој начин да им надоместат во вид на подарок или во знак на внимание. Изгледа дека девојчето е добро и дека се поминало во најдобар ред.

Share This Article