Над 20.000 војници од 13 земји ќе учествуваат на маневрите на НАТО кои почнуваат во Финска, Норвешка и Шведска до 15 март.
Финската армија најави дека повеќе од 4.000 нејзини војници ќе бидат вклучени во маневрите, што ќе биде најголемо учество на Финска во странски вежби.
Во април минатата година Финска стана дел од НАТО, а се очекува овој месец да му се приклучи и Шведска како 32-ра членка на алијансата, пренесува АП.
Во маневрите ќе бидат ангажирани војници од Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Холандија и Норвешка. Шпанија, Шведска и САД, со учество на повеќе од 50 бродови, вклучително и носачи на авиони, и околу 100 авиони и хеликоптери.