More

    Висок претставник на Хамас: Можно е примирје во следните 24 до 48 часа

    spot_img

    Висок функционер на Хамас денеска изјави за Франс прес дека е можно примирје во Појасот Газа во следните 24 до 48 часа доколку Израел ги прифати барањата на палестинската исламистичка организација.

    „Ако Израел се согласи со барањата на Хамас, кои вклучуваат враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа и зголемување на хуманитарната помош, тоа би можело да го отвори патот за договор (за прекин на огнот) во следните 24 до 48 часа. изјави официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

    Денеска во Каиро треба да се преговара за примирје. Во главниот град на Египет се очекува да пристигнат делегации од Израел и Хамас со цел да се постигне формула прифатлива за двете страни за прекин на огнот во Газа.

    Во саботата, висок американски функционер рече дека има рамковен договор за шестнеделна пауза со согласност на Израел и дека сега зависи од тоа Хамас да се согласи да ги ослободи заложниците што ги држеше во Газа од почетокот на војната на 7 октомври минатата година.

    „Патот до прекин на огнот сега, буквално во овој час, е директен. И има договор на маса. Има рамковен договор. Израелците повеќе или помалку го прифатија“, рече претставникот, додавајќи дека сега зависи од Хамас.

    Се верува дека во Газа се држат 130 заложници од околу 250 киднапирани во нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, но не сите се живи.

    Околу 100 од нив беа ослободени за време на седумдневното примирје на крајот на ноември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img