СН Осигурителен Брокер АД Битола ја исплати годишната камата од 6% на имателите на корпоративна обврзница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

СН Осигурителен Брокер АД Битола им исплати камата по каматна стапка од 6% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница на СН Осигурителен Брокер со ИСИН код MKSNOB200014 и шифра на тргување SNBTO.
Каматата исплатена во текот на денешниот ден (1.03.2024) е втора по ред, додека првата исплата беше реализирана на 1 март 2023 година. Право на камата имаат лицата регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница – емисија на издавачот СН Осигурителен Брокер АД Битола во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје .
За илустрација, секој што вложил 1.000.000 денари во корпоративната обврзница на СН Осигурителен Брокер, со добивањето на каматата остварил принос од 6 отсто, односно 60.000 денари годишна камата. Ова е највисоката камата не само од корпоративна обврзница, туку споредено и со други финансиски инструменти, бидејќи истиот износ средства вложен во класичен банкарски депозит односно орочен штеден влог во денари или евра, носи помал принос.
СН Осигурителен Брокер АД Битола е првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница.
Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период. Каматата се пресметува и се исплаќа во денари.

Share This Article