Нападнати симпатизери на Атлетико Мадрид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голем инцидент ја потресе фудбалската јавност во Шпанија, кога поголема група навивачи влегла на стадионот на натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид и се обиделе да се пресметаат со фановите на ривалскиот тим.

Во тоа биле спречени од полицијата, но и покрај тоа стравично било признанието на навивачот по целиот инцидент. Според Радио Марка, околу 60 навивачи на Билбао ги нападнале следбениците на Атлетико Мадрид додека биле во ресторан, а еден од нив бил пренесен во болница со сериозни повреди на главата.

– Сè беше лошо организирано. Фудбалскиот клуб Билбао претходно објави дека нема да има посебно место за собир и дека ќе нема паркинг за автобуси со гостински навивачи. Ги оставија на улица и рекоа секој може да оди низ градот како сака, поради што знаевме дека тоа е стапица – изјавила Ана Ману Карења.

 

Големиот хаос се случил кога една група навивачи отишла на вечера пред натпреварот, а била нападната од друга група, а во тој хаос биле повредени дури две деца, на едното му било исечено лицето, а другото било удирано со шише по главата. После тоа била удрена девојка, која пушела цигара пред ресторанот, а нејзиниот сопруг тврди дека се здобила со скршеница на вилицата.

„Не разбираме. Што требаше да правиме? Да ги информираме сите дека сме во кафеана, дека сме нападнати? Влегоа со цел да нѐ убијат“, дополнуваат жртвите.

Share This Article