Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни дождови, над 25 литри на квадратен метар, може да се очекуваат во јужните делови на земјата.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 км/час.
Утринските температури ќе се двоижат од 2 до 11 Целзиусови степени, а максималните дневни од 4 до 14 Целзиусови стапени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во следните денови не очекува нестабилно, облачно, но топло време со повремени локални врнежи од дожд.