More

    Врховниот суд на САД ќе одлучува дали е заштитен со претседателски имунитет

    spot_img

    Врховниот суд на САД го прифати барањето да одлучи дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да се повика на претседателскиот имунитет во случајот против него за наводниот обид да го поништи неговиот претседателски пораз во 2020 година.

    Судот со конзервативно мнозинство вчера одлучи да ги слушне тврдењата на Трамп дека треба да биде заштитен од кривична одговорност. Ова е првпат судот да разгледува ваков случај.

    Комитетот на Апелациониот суд на САД веќе го отфрли аргументот на Трамп дека ужива претседателски имунитет.

    Трамп тврди дека има имунитет од сите кривични пријави за дела за кои рече дека спаѓаат во неговите должности како претседател.

    Апелациониот суд едногласно пресуди против барањето на поранешниот американски претседател.

    „Не можеме да го прифатиме тврдењето на поранешниот претседател Трамп дека претседателот има неограничени овластувања да врши злосторства што ќе ја неутрализираат најфундаменталната проверка на извршната власт – признавањето и спроведувањето на изборите резултати“ – соопшти Апелациониот суд.

    По оваа одлука на Апелациониот суд, Трамп го обжали случајот до Врховниот суд и побара одлуката да се стави во мирување.

    Трамп потоа излезе на својата официјална веб-страница, поздравувајќи ја одлуката од средата и изјави дека без имунитет, претседателите секогаш ќе бидат загрижени, па дури и парализирани, од можноста за незаконско гонење и одмазда откако ќе ја напуштат функцијата.

    „Ова всушност може да доведе до изнуда и уцена на претседателот“ – напиша тој.

    Минатата година, Трамп беше обвинет за манипулација на сведоци и заговор за измама на Соединетите американски држави пред Федералниот суд во Вашингтон поради неговите обиди да го поништи неговиот пораз на изборите во 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img