Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 10, а максималните дневни од 9 до 18 Целзиусови степени.
Слично време ќе се задржи и во следните три дена.