More

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОДБРАНА ЌЕ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ

    spot_img

    Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со 97 гласа ЗА и ниту еден против, денеска го донесоа новиот Закон за вработените во одбраната, прво законско решение со кое вработените во Министерството за одбрана ќе бидат вреднувани за својата професионалност, за својата посветеност и за местото кое го имаат во одбранбениот систем. Со овој Закон, во Министерството за одбрана се создава систем за управување со човечки ресурси согласно највисоките стандарди на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

    „Новото законско решение предвидува зголемен стандард на службениците во одбраната, унапредувања според „мерит“ системот, создавање на услови за развој на персонал кој ќе работи на позиции на НАТО, менување на статусот на вработените од кои еден дел ќе бидат и овластени службени лица, како и можности за вработување, но и стипендирање на кадри кои за одбраната претставуваат критична специјалност.

    Согласно новиот Закон, статусот на вработените се подобрува и преку зголемениот пензиски стаж, како и заминувањето во пензија со 80% од десетте најповолни години од пензискиот стаж. Предвидена е и можност за вработување без јавен оглас за лица со попреченост. Со одредбите на Законот се внимава и на финансиската стабилност на семејствата на вработените, преку отворање на можност за вработување без јавен оглас за невработен член на семејството на починат вработен во Министерството и припадник на безбедносните сили“ – се вели во соопштението на МО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img