Кинескиот технолошки гигант „Леново“ во понеделникот покажа прототип на лаптоп кој има проѕирен екран. Најголемиот светски производител на компјутери се обидува да даде своја иновација по неколку години кои му беа тешки на пазарот, пишува Си-Ен-Би-Си.
Лаптопот е опремен со подлога за движење која има тастатура на допир и игла за цртање или навигација.
Очигледното прашање е: Зошто би сакале ваков уред?
Па, камерата вградена во лаптопот можела да го идентификува објектот како сончоглед низ стаклото, а потоа да обезбеди информации за него, користејќи технологија за вештачка интелигенција.
Друга употреба, рече претставникот, е во градежно сценарио. На пример, ако архитект дизајнира доградба на куќа, тој би можел да ја види куќата преку екранот и да ја користи иглата за да го нацрта својот дизајн за да замисли како таа може да изгледа.
Како и секоја нова технологија, таа често може да има употреби кои сè уште не се предвидени.
На некој начин оваа технологија е блиска до проширената вештачка реалност(ВР). Бидејќи лаптопот е концептуален производ, „Леново“ не планира да го продава уредот.
Сепак, производителите на компјутери гледаат кон иднината по неколку тешки години. Продажбата на компјутери се зголеми за време на екот на пандемијата со ковид-19, но како што луѓето се вратија на работа, фирмите почнаа да паѓаат со продажба.
Минатата година, испораките на компјутери паднаа за речиси 15 отсто на годишно ниво, според Гартнер.
Кинескиот технолошки гигант го покажа уредот на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона, најголемиот саем за мобилна индустрија во светот.
„Леново“ има историја на вакви закачки – концептуални уреди со кои сака да ја докаже својата способност за иновации. Минатата година на „Леново“ прикажа паметен телефон кој имаше екран што се тркала.