Тошковски вели дека власта повеќе се бори за интересите на Грција, отколку за Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева, но не очекува да се изгласаат измените на Законот за патни исправи со кој треба да се продолжи рокот до крајот на годината. Тој во интервју за Република вели дека пратениците од власта не знаат што е приоритет на граѓаните и повеќе се грижат за интересите на Грција отколку на сопствената земја.

– Тие се толку неписмени. Врз основа на кои аргументи и факти го бранат ставот дека ќе се повредел Договорот од Преспа. Слушнавте некој аргумент. Грција и грчките функционери се борат за грчките интереси. И тука немаме проблем. Ние имаме проблем што овие полтрониве кои се нарекуваат дека се борат во името на Македонија, но се борат за секој еден граѓанин на светот освен за Македонците. Тоа е неспорно. Би бил најблагодарен до секој од нив ако се изгласа законот, лично би му се заблагодарил на секој еден од нив. На дамите кои ќе гласаат би им однел по една ружа. Најсреќен би бил кога тоа би се случило бидејќи во нормален временски период би можело да се сработи тоа што требало да го сработат овие другите и ќе престанеме со кршење на основни човекови права – вели Тошковски во интервјуто за Република.

Целосното интервју со министерот за Репблика ќе биде емитувано утре.

Share This Article