More

    Новинарот кој го интервјуираше Путин не ја исклучува можноста

    spot_img

    Американскиот новинар Такер Карлсон на Јутјуб каналот на блогерот Лекс Фридман спомна дека постои можност Украина да стои зад смртта на Алексеј Навални.

    Домаќинот на поткастот рече дека „Украинците“ може да стојат зад смртта на Навални бидејќи тоа им е во корист во конфликтот со Русија, а Карлсон одговори: „Тие ја убија ќерка му на Александар Дугин… Да, можно е“.

    Дарја Дугина била убиена вечерта на 20 август 2022 година во експлозија на автомобил во московскиот регион. Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) соопшти дека зад убиството стојат украинските специјални служби, а извршител е украинскиот државјанин Наталија Вовк.

    Според управата на Федералната казнено-поправна служба, Навални не се чувствувал добро на 16 февруари по прошетката, ја изгубил свеста и починал. Според прелиминарните податоци од извор на Раша тудеј, осудениот имал згрутчување на крвта, а точните причини за смртта се утврдуваат.

    Организирана е истрага и сите околности за смртта на Навални ќе бидат утврдени.

    Од друга страна, интересно е што украинскиот разузнавачки шеф Кирило Буданов пред два дена рече дека „најлошиот непријател на Путин почина од природни причини поради згрутчување на крвта“ и дека неговата изјава ќе разочара многумина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img