Таткото на Тејлор Свифт наводно нападнал папарацо на пристаниште во Сиднеј и е под истрага во Австралија.
Настанот се случил по последниот концерт на Свифт во Сиднеј. Додека со ќерка му слегувале од луксузната јахта, Скот Свифт (71), според обвинението, го удрил фотографот.
Според „Сиднеј морнинг хералд“, ниеден од двајцата мажи не е повреден. Извршниот директор на „Матрикс медија груп“ Бен Мекдоналд (51) потврди дека тој е тужителот, т.е. оштетениот фотограф на пристаништето.
– Ја вршев својата работа одејќи по Тејлор. Таа штотуку слезе од јахтата во заливот Нутрал Беј и одеше по пристаништето со неколку чувари околу неа. Обезбедувањето сакаше да нѐ оттурне со своите чадори, а потоа татко ѝ реши да се вклучи. И ме удри. Бев шокиран. Не требаше така бидејќи обезбедувањето имаше сè под контрола. Сега случајот ќе ѝ биде препуштен на полицијата – појасни Мекдоналд.
Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек.
– Две лица беа агресивни кон Тејлор, го туркаа нејзиното обезбедување и се закануваа дека ќе фрлат еден од обезбедувачите в море – изјави претставник на американската поп-ѕвезда.
Концертот во Сиднеј е последниот дел од турнејата на Свифт.