Вчера (26.02.2024) делегација од Министерството за внатрешни работи положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје по повод одбележувањето на годишнината од неговата смрт.
Во составот на делегација од МВР беа началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал Александар Јанев, Илија Чалшев помошник директор на Оддел за криминалистичка полиција и Јован Алтанџиев, главен советник во кабинет на министерот Тошковски.
Тие положија свежо цвеќе во Алејата на великаните, оддавајќи му чест на претседателот Трајковски, кој трагично го загуби животот пред 20 години, на 26 февруари 2004 година.