More

    Селмани смета дека е здраво шефот на државата да го бираат пратениците

    spot_img

    Политичкиот аналитичар и поранешен кандидат за шеф на државата Имер Селмани смета дека изборот на претседател во Собранието би бил поздрав за демократијата и би ја направил државата постабилна.

    – Многу поздрава, покорисна би била расправата и односите, но и консензусот внатре во Парламентот, со дебата каде што претседателот на државата би го избирало самото Собрание. Тоа би било поздраво за нашата демократија, убеден сум во тоа. Тоа е долгорочен проект кој ќе ја направи нашата земја постабилна – изјави Селмани за ТВ 21.

    Прашан зошто македонските партии се против ваквата идеја, Селмани одговори дека изборот на претседател преку избори им оди во прилог бидејќи во вториот круг секогаш поминуваат само кандидатите на двете најголеми партии.

    – Бројките и изборот на претседател директно од граѓаните е во корист на македонската етничка заедница. Сите етнички заедници се натпреваруваат во првиот круг. Имаме десет или повеќе кандидати на овие избори. Но, на крајот, можноста за влез во вториот круг повторно е резервирана за двајцата кандидати на двете најголеми политички партии, а потоа ја привлекува посветеноста на етничкото македонско мнозинство – тврди тој.

    Според Селмани, претседателот кој се избира преку избори постои ризик да се фокусира и да се грижи само за заедницата што го избрала. Ако се одлучи претседателот да се избира преку Собранието, Селмани цени дека треба да му се зголемат и ингеренциите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img