More

    Во басенот Јафура се откриени огромни количини на гас

    spot_img

    Саудиската државната нафтена компанија Арамко во басенот Јафура откри големи количини на гас кои ќе го зголемат производството на 10 пати. Информацијата ја потврди и саудиската влада.

    -Дополнителните резерви изнесуваат 420 милијарди кубни метри гас и две милијарди барели кондензат – информира тамошното Министерството за енергетика.

    Ресурсите во полето Јафура сега се проценуваат на околу 6,4 трилиони кубни метри гас и 75 милијарди барели кондензат.

    Неконвенционалното наоѓалиште на гас Јафура се наоѓа југоисточно од нафтеното поле Гавар во источната провинција на кралството. Неконвенционалните ресурси се однесуваат на оние кои бараат напредни методи на екстракција.

    Ријад се обврза да го развие теренот, а Саудиска Арамко додели договори во вредност од 10 милијарди долари во 2021 година за потфатот.

    Со околу 5,6 трилиони кубни метри гас, басенот Јафура е најголемото гасно поле на Блискиот Исток.

    Басенот зафаќа површина од 17.000 квадратни километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img