Товарен воз кој превезувал фосфорна киселина утровол излетал од шините на железничката станица во Рума. Вагоните излетале од шните на 300 метри од железничката станица, пренесуваат српските медиуми.
Четири вагони од композицијата што превезувале фосфорна киселина од „Еликсир“ Прахово до Шабац излетале од шините, но според првичните информации во инцидентот нема истекување на киселината кое може да биде опасно за околината.
Курир објави дека се чекаат експерти од Белград да извршат увид и да ја проценат штетата, а се очекува киселината да биде префрлена во други цистерни.
Засега не е дозволено приближување до местото каде што вагоните излетале од шините.