More

    Украина од почетокот на руската инвазија покрена истрага за 122.000 потенцијални воени злосторства,

    spot_img

    Украина од почетокот на руската инвазија покрена истрага за 122.000 потенцијални воени злосторства, истакна денеска државниот обвинител Андриј Костин.

    – Веќе идентификувавме 511 сторители и имаме 80 пресуди во украинските судови – повеќето во отсуство, рече Костин на маргините на конференцијата за меѓународно кривично право во Берлин.

    Иако Русија негира дека нејзините сили вршат злосторства или напаѓаат цивили, украинските и западните претставници тврдат дека има докази за убиства и егзекуции, гранатирање цивилни објекти и принудни депортации. Се очекува дека бројот на воени злосторства ќе продолжи да расте, најави Костин.

    – А една од причините може да биде тоа што Русија се чувствува неказниво – нагласи тој, на ден пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

    Државниот обвинител нагласи дека на Киев му е потребна помош од меѓународната заедница во документирањето, истражувањето и процесуирањето на воените злосторства, иако „99 отсто од сите случаи“ ќе бидат процесуирани во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img