Руската опозиција е сè погласна во обвиненијата кон рускиот претседател Владимир Путин по смртта на неговиот најголем критичар, опозицискиот политичар Алексеј Навални. Затворениот руски опозиционер Владимир Кара-Мурза ги повика Русите „да не очајуваат“ и да ја продолжат борбата за демократија по смртта на Алексеј Навални, нарекувајќи го Путин „одмаздлив, смрдлив, алчен старец“.
Долгогодишниот пријател на Алексеј Навални, Владимир Кара-Мурза, исто така бил близок со Борис Немцов, опозиционер убиен во 2015 година.
Во вторникот, Кара-Мурза зборуваше за смртта на Навални во пораката што неговиот тим ја сподели на социјалните мрежи. Тој напиша дека Владимир Путин е лично одговорен за смртта на Алексеј Навални, бидејќи, како што рече, Алексеј бил „личен затвореник на Путин“.
– Одмаздливиот, смрдлив, алчен старец ја држи својата смртоносна контрола и уништува сè што гледа како закана за неговата моќ – додаде Кара-Мурза, мислејќи на претседателот Владимир Путин.
Тој во пораката вели дека за смртта на Навални дознал преку радио, во неговата ќелија, на 16 февруари, кога управата на затворот во кратко соопштение објавила дека Навални починал.
Од затворот во Сибир, Кара-Мурза изрази надеж дека Русија ќе стане нормална и слободна европска демократска земја.
– Алексеј рече не се откажувајте. Невозможно е да се откажеме – порача Кара-Мурза.
Руската затворска служба во петокот, на 16 февруари, објави дека Навални починал во поларната затворска колонија каде издржувал 19-годишна затворска казна за „екстремизам“. Неговата смрт предизвика тврдења ширум светот дека тој бил убиен од властите во Москва.
Кара-Мурза, кој има и руско и британско државјанство, во април минатата година беше осудена на 25 години затвор под обвинение за велепредавство, за ширење „лажни вести“ за руската војска и одржување врски со „непожелна организација“.
Тоа е најтешката затворска казна изречена на опозиционер во последните неколку години во Русија. Освен тоа, според неговите приврзаници, тој е во многу лоша здравствена состојба, што е последица на тоа што во минатото два пати бил во затвор.
Сопругата на Владимир Кара-Мурза вели дека се плаши за неговиот живот. Евгенија Кара-Мурза за Current Time изјави дека нејзиниот сопруг сè уште е во самица и дека претходно двапати преживеал труење.
-Тој е во самица, со кревет на расклопување и една столица. Такви се условите и за другите политички затвореници кои и зад решетки одбиваат да молчат и продолжуваат да ги уверуваат луѓето околу себе каде и да се. Владимир е бесен. Многу добро го разбирам неговото чувство. Не е прв пат режимот да ни земе врвен политичар со брилијантни лидерски способности кој знаеше да ги убеди луѓето и да ги објасни работите кои многумина не можат да ги разберат – истакнува сопругата на Кара-Мурза, пренесува Радио Слободна Евроа.
Евгенија Кара-Мурза во изјавата открива дека детали за тортурата низ која минувал нејзиниот сопруг поради неговите политички ставови.
– Се плашам за Владимир. Преживеа два обиди за труење и во двата случаи лекарите му даваа 5% шанси да преживее. Го видов во кома со модри стапала. Од телото ми излегуваа цевки. Органите му откажуваа. Секој ден живеам со тој страв. Сега е во рацете на луѓето кои два пати се обидоа да го убијат. Се разбира дека се плашам за неговиот живот – вели Евгенија Кара-Мурза.