More

    Зеленски грмеше во интервју за „Фокс Њуз“

    spot_img

    Во интервју за Фокс њуз, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги покани Бајден и Трамп да дојдат во Украина и сами да се уверат во воената трагедија.

    Имавме убава земја, додаде Зеленски, додавајќи дека сега во војната е друга слика и други животи. Според него, кандидатите за американскиот претседател треба „да дојдат да го видат народот, само да го видат на улица“.

    Новинарот Брет Баер се сретна со Зеленски во близина на фронтот во регионот Харков, на само неколку километри од тешките борби, а артилериски оган се слушаше цело време додека траеше интервјуто, дури и додека тој се подготвуваше.

     

     

    – Многу ми е важно, како што ви кажав пред интервјуто, САД да ја видат разликата помеѓу војната во главниот град и овде, блиску до линијата на фронтот – рече Зеленски.

    Потоа новинарот му возврати на Зеленски велејќи дека Трамп може заврши таа војна за 24 часа, како што рече, на што украинскиот претседател одговори дека воопшто не разбира како поранешниот американски претседател размислувал да постигне такво нешто.

    – Тој не може да го реши овој проблем, оваа трагедија со мене – рече Зеленски, додавајќи дека Трамп ќе биде домаќин на линијата на фронтот каде што „ќе му биде објаснето сè, и тој ќе објасни што мисли, можеби има некои идеи. Не знам“.

    Потоа продолжи:

    – (Бајден и Трамп) ќе видат што ќе се случи, а после тоа, мислам дека ќе се предомислат. Сите разбравме дека нема две страни во оваа војна: има само еден непријател, а тоа е Путин.

    Зеленски се согласи дека рускиот народ може да направи промени во својата земја и да го отстрани Путин, но таа задача останува долг и тежок пат, особено затоа што „Путин се плаши само од силните и не прифаќа никаква слабост“, што значи дека Украина мора да биде „силна на бојното поле“.

    Запрашан за загубите што ги претрпеа неговите сили, Зеленски даде нејасни одговори, наведувајќи „десетици илјади“, но и дека загубите се помали отколку оние што ги претрпела Русија. Тој изјави дека Русија губи пет војници за секој убиен украински војник.

    Украинскиот претседател во интервјуто продолжи да инсистира дека Украина нема шанси без помош од Западот. Апелираше до американските конгресмени да ја деблокираат помошта за Украина. Но, рече и дека ги разбира, бидејќи тие се само луѓе, со нивните семејства.

    „Но, мојата порака до нив е дека ако сакаат да бидат прагматични за цената, ние бараме поддршка сега, а цената за тоа е пониска од онаа што ќе биде во иднина. Ќе биде многу, многу повисока. Ние само сакаме да живееме и да преживееме. Немаме алтернатива.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img