More

    Руски беспилотни летала во нападот изведен ноќеска ја погодија трговската област во украинското пристаниште Одеса на Црното Море, при што загинаа три лица

    spot_img

    Руски беспилотни летала во нападот изведен ноќеска ја погодија трговската област во украинското пристаниште Одеса на Црното Море, при што загинаа три лица, соопшти украинскиот воен и регионален гувернер Олех Кипер.

    Војската соопшти дека Русија лансирала 31 беспилотно летало во Украина во текот на ноќта, а противвоздушната одбрана уништила 23 од нив.

    Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, војската на Југот рече дека пресретнала 9 беспилотни летала, но еден паднал во област во близина на пристаништето, предизвикувајќи пожар. Пожарникарите извлекоа едно тело и рекоа дека луѓето можеби сè уште се под урнатините додека екипите за итни случаи се борат да го локализираат пожарот. Обезбедувањето од зградата е спасено неповредено, се вели во објавата.

     

    „Телата на уште две лица беа пронајдени под урнатините. Од непријателскиот напад загинаа вкупно три лица.“ – соопшти регионалниот гувернер во објава на Телеграм.

    Војската соопшти дека во нападот биле користени и проектили, но не погодиле ниту една цел. Фотографиите објавени од војската покажуваат голема штета на зградите во областа и спасувачките тимови кои поминуваат низ урнатините.

     

    Во централниот град Днипро, руско беспилотно летало удри во повеќекатна станбена зграда, при што беа повредени осум лица, изјави регионалниот гувернер, Серхи Лисак. Гувернерот на регионот Дњепропетровск, на Телеграм напиша дека потрагата траела цела ноќ и дека другите жители можеби сè уште се под урнатините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img