More

    Американските гласачи скептични пред претседтаелските избори

    spot_img

    Американските гласачи се главно скептични дека претседателот Џо Бајден е ментално способен за втор мандат, а повеќето мислат дека за тоа не е способен ни неговиот најверојатен ривал на изборите, Доналд Трамп, потврди истражувањето на Универзитетот Квинипијак, чии резултати беа објавени денеска.

    Според истражувањето, 64% од испитаниците рекле дека Бајден (81) не е ментално способен за втор мандат, а 51% од нив мислат дека за претседателската функција во Белата куќа не е способен ниту Трамп (77). Истражувањето исто така покажа дека Бајден води пред Трамп со 4 процентни поени, иако две третини од гласачите веруваат дека Бајден е премногу стар за нов мандат.

    81-годишниот Бајден, чија ментална острина беше под лупа по извештајот на специјалниот советник Роберт Хур овој месец, кој го карактеризираше како „постар човек со слаба меморија“, ја отфрли загриженоста за неговата меморија и не дава никакви индикации дека може да се повлече од кампањата за реизбор.

    Истражувањето на YouGov за Економист, чии резултати исто така беа објавени во средата, покажа дека Бајден е еден процентен поен зад Трамп. Многу други анкети покажуваат дека Трамп е во поголемо водство. Но, изборите се одржуваат дури во ноември, а јавното мислење дотогаш може многу да се промени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img