Чарли Стратон, легенда на нисколигашкиот фудбал во Англија, почина на 34-годишна возраст.
Овој напаѓач со години настапува за АФЦ Вимблдон, клубот кој го наследи претходниот клуб од овој дел на Лондон кој играше во Премиер лигата, па дури и во финалето на ФА Купот, а токму овој клуб се огласи меѓу првите.
„Крајно сме тажни поради смртта на нашиот поранешен играч. Испраќаме најискрено сочувство до семејството и пријателите на Чарли во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението на Вимблдон.
Денис Маир, претседателот на овој клуб, исто така објасни како се чувствува.
„Нема зборови да ја опишам тагата што ја чувствувам по веста за смртта на Чарли. Се изгасна светлото во нашиот клуб“, напиша претседателот.
Штрутон постигна 81 гол на 120 натпревари.