По братот на Алексеј Навални е распишана потерница, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Соопштено е дека против Олег Навални е покрената нова кривична постапка и дека руските власти трагаат по него.
Во 2021 година, Олег беше осуден на условна казна од една година затвор за кршење на ограничувањата за ковид. Тој беше осуден затоа што во јануари 2021 година ги покани Русите на социјалните мрежи да учествуваат на митинг за Алексеј.
Отиде на Кипар
Обвинителите тврдеа дека собирот претставува прекршување на санитарните и епидемиолошките правила, што може да доведе до ширење на болеста. Олег отпатувал за Кипар истата година и никогаш не се вратил во Русија, според извештаите.
За потсетување, Алексеј Навални почина во петокот во регионот Јамало-Ненец на далечниот север на Русија, каде одлежа 19-годишна затворска казна за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна.