More

    Поранешен израелски разузнавач раскажува за „куферчињата од Катар“

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја „пропушти шансата“ да ги скрати парите на милитантната група Хамас, вели за Би-Би-Си поранешен вработен во израелското разузнавање по име Уди Леви. Тој вели дека го советувал Нетанјаху да удри по финансиите на групата, но дека премиерот не го послушал.

    Според Леви, кој бил шеф на економското разузнвање, на Хамас би му биле потребни „милијарди, а не милиони“ долари за да изгради стотици километри тунели под Газа и да плати за околу 30.000 војници.

    Мосад знаеше за портфолиото на Хамас?

    За него нема дилеми дека постои врска меѓу нападот од 7 октомври со кој започна конфликтот и неможноста на Нетанјаху да се справи со финансирањето на Хамас.

    – Да, се разбира. Веројатно ќе спречевме многу од парите што отидоа во Газа и чудовиштето што го изгради Хамас веројатно немаше да биде чудовиштето со кое се соочивме на 7 октомври – изјави Леви за Би-Би-Си.

    Леви тврди дека во 2014 година Нетанјаху имал на увид инвестициско портфолио за Хамас кое наводно е контролирано од Турција, но дека решил да ја игнорира информацијата.

    – Разговаравме за Катар и Иран како главни спонзори. Турција е дури, од некој аспект, поважна бидејќи е критична фокусна точка за Хамас да управува со (својата) финансиска инфраструктура – вели Леви за разговорите со Нетанјаху.

    Пари стигнувале од Турција, Саудиска Арабија, Алжир, Судан…

    Би-Би-Си дошол до документите кои биле набавени во 2020 година, за кои се вели дека откриваат до каде е инвестициското портфолио на Хамас. Тие се слика од осуммесечен период кој завршува на почетокот на 2018 година. Израелското разузнавање вели дека тие покажуваат како Хамас заработува дел од своите пари.

    Се верува дека околу 40 компании од Блискиот Исток и северна Африка се во портфолиото, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Алжир, Судан, Египет, Заливот и Турција.

    Наводните инвестиции вклучуваат сè, од изградба на патишта, фармацевтски производи и медицинска опрема до туризам, рударство, потрага по злато и проекти за луксузни недвижнини.

    Од 2022 година, шест од компаниите наведени во документите се назначени од Министерството за финансии на САД како директно или индиректно во сопственост или контролирани од Хамас. САД ја ограничиле нивната способност да тргуваат со тоа што ги санкционираа.

    До секоја компанија наведена во книгата на портфолиото е она што се вели дека е вредноста на секој холдинг контролиран од Хамас, кој изнесува милиони долари за некои од компаниите и собира вкупна вредност од 422.573.890 долари.

    „Доаѓаше човек со куферче, здраво-здраво и пак назад…“

    Се вели дека голем дел од таа вредност е поврзана со недвижен имот. Според Леви, пари за Хамас пристигнале и од заливската држава Катар, и отворено и тајно.

     

    – Катарците имаа специјален пратеник кој доаѓаше секој месец, со приватен авион во Рафах со куфер, влегуваше во Газа, му го даваше куферот на Хамас, се поздравуваше и се враќаше назад, тоа е тоа – вели некогашниот разузнавач.

    „Дозволив да влезат пари за да нема хуманитарна криза“

    Неодамна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека сака да го формира Хамас и рече дека дозволил пари од Катар во Газа само за да спречи хуманитарна криза.

    Нетанјаху сега вети дека ќе го уништи Хамас. Нема да има „никаков елемент“ во Газа што го финансира тероризмот, вели тој.

     

    Во војната во Израел досега загинаа 29.000 Палестинци, додека Хамас во првиот напад на 7 октомври уби 1.200 Израелци и зеде повеќе од 250 заложници.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img