Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (19 февруари) околу 19.40 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово го привеле 31-годишниот тетовец С.Џ.. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
На 19.02.2024 во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско. При преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин. Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Вчеравечер (19 февруари) околу 22.50 часот на локалниот пат за тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот Ф.И. од тетовско Горно Седларце. При негов и преглед на патничко моторно возило „фолсксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Денеска (20.02.2024) во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Џ.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.02.2024 во 19.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.02.2024 во 21.35 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Република Албанија затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „цитроен ц5“ со белгиски национални ознаки, кое го управувал, евидирало по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.
На 19.02.2024 во 11.45 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Х.Х.(55) од Косово затоа што при гранична контрола на увид приложил туѓа косовска лична карта на име А.В.(36) од Косово. Тој бил предаден на полициски службеници од отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (19.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за користење мобилен телефон при управување, осум мерки за некористење на сигурносен појас…
На 19.02.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, електричен тротинет удрил во А.Д.(25) од Прилеп и го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 19.02.2024 во 10.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Беровска“ во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Д.Ч.(75) од Прилеп и го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 19.02.2024 во 20.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат на излез од с.Неготино, гостиварско, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокосе, гостиварско, излетало од коловозот и удрило во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на жител на с.Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Сенокосе, а со телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 19.02.2024 во 18.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Г.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 19.02.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.С.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 19.02.2024 во 10.40 часот во Полициската станица Аеродром, М.И.(19) од Прилеп пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.