Бени Шаќири го тргнал натписот „Ние сме од Скопје“, денеска ќе објасни зошто

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новиот директор на МКЦ и познатиот музичар Арбен Шаќири, позната како Бени, го тргнал натписот „Ние сме од Скопје“ поставен во 2018 година на предната страна од зградата на МКЦ. Како што пишуваат медиумите, натписот бил демонтиран ноќта во неделата, кога никој не бил на работа.

Музичарот беше назначен за нов директор на 22 јануари годинава со потпис на градоначалничката Данела Арсовска. Тој го наследи Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата откако Арсовска го разреши претходниот директор Ванчо Богоев.

Плусинфо се обиде да го исконтактира Шаќири. Тој преку СМС ни одговори дека во текот на денот сите медиуми ќе добијат официјално соопштение.

Отстранувањето на натписот предизвика бројни позитивни и негативни реакции на социјалните мрежи.

Share This Article