Министерот за политички систем Артан Груби не ја исклучува можноста за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, но под услов претходно да се изгласаат уставните измени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за политички систем Артан Груби не ја исклучува можноста за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, но под услов претходно да се изгласаат уставните измени.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени пред формирањето на влада, зошто да не. Ако се реформирала доволно, ако е европски ориентирана, ако докаже дека е подготвена да жртвува од својот т. н. рејтинг, за доброто на државата, како што направи СДСМ во минатото, тогаш – да, заслужува шанса – рече Груби во синоќешното гостување во „360 степени“ на МРТВ.

Тој вели дека ако остане на ставот дека ниту пред ниту потоа, ниту на следни избори нема да има уставни измени, тогаш што би барала ДУИ во една таква влада или во влада со партнер којшто гледа алтернативни решенија на ЕУ.

– Во ДУИ нема алтернатива. Нема алтернатива за ЕУ, НАТО и стратешкото пријателство со САД – истакна Груби.

Тој рече дека во ДУИ се размислува по изборите да се бара прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се оди на формирање влада.

Евентуалното постизборно коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ со албанскиот опозициски блок, според Груби, ќе значи повторно изолирање на државата и тоа би било „лошо сценарио е за државата, лошо сценарио е за граѓаните“.

– Ќе влеземе во т.н. бугарско сценарио со повторување на избори и изборни циклуси додека губиме европска перспектива – рече Груби.

Share This Article