БРАБОТЕН ВО АЕК НЕЗАКОНСКИ ДОБИЛ ГРАНТ

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По доставена анонимна пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), оформен е предмет за постоење незаконитост при доделување средства на грант на трговско друштво „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО Скопје“, чиј основач е член на Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за електронски комуникации.

На денешната седница на ДКСК, овој случај беше разгледан при што беше истакнато дека бил доделен грант од 30 илјади евра во денарска противвредност. Заради проверка на изнесените наводи во пријава и утврдување на целосната фактичка состојба во предметниот случај, ДКСК побарале информации и податоци од АЕК, Фондот за иновации и технолошки развој, извршен е увид во тековната состојба и историјатот на промени за посоченото трговско друштво во регистарот.

– По разгледување на добиените информации и податоци како и на целокупната релевантна документација, ја утврдивме следнава фактичка состојба, друштвото за наука и инженерство „ИНТЕЛИГЕНТА ДОО“ Скопје е основано на 3.12.2018 година, еден од основачите е Горан Велинов од Скопје. Горан Велинов е член на Комисијата за електронски комуникации при АЕК, во два мандата од 15.06.2009 до 15.12.2014 година и во период од 16.02.2015 до 16.08.2020 година. Во текот на вториот мандат на лицето, трговското друштво, чиј сопственик е истото лице на 06.06.2019 склучил договор со ФИТР, а за доделување средства преку инструментот за поддршка кофинансирани грантови и новоосновани друштво – стартап со кој му се одобрени финансиски средства во форма на кофинансиран гранд во износ од 30.000 евра во денарска противвредност – истакна Нури Бајрами, член на ДКСК.

Од утврдената фактичка состојба, на 47-та седница на ДКСК одржана на 31.03.2021 година констатирано е дека е доделен гранд на посоченото друштво, што е спротивно на членот 52 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и истото е казниво.

– Поради непостапување на сторителите на прекршокот во издадениот прекршочен платен налог, ДКСК против посоченото правно лице и физичкото лице на 18.05.2021 поднесе барање за поведување прекршочна постапка, но до надлежниот орган Прекршочна комисија на ДКСК, а воедно побара и иницираше спроведување надзор од МОН, како и надзор од Државниот завод за ревизија на финансиското работење на ФИТР од делот на средствата од буџетот – посочи Бајрами.

По поднесеното барање за поведување на прекршочна постапка, Прекршочната комисија при ДКСК спровела соодветна постапка така што донела решение со кое сторителот Горан Велинов, сопственик на правното друштво е огласен за одговорен за сторен прекршок при што изречена му е прекршочна санкција во износ од 500 евра во денарска вредност. Донесено е и решение со кое сторителот, односно правното лице е огласено за сторен прекршок согласно законот при што изречена е глоба во износ од 1000 евра во денарска противвредност.

ДКСК по разгледување на сите горенаведени факти констатира дека нема елементи за понатамошно постапување по предметот, при што одлучи дека по конечниот исход ќе издејствува самата Прекршочна комисија при ДКСК.

Share This Article