Мадона падна на концерт во Сиетл, но брзо се снајде во непријатната ситуација во која се најде не по своја вина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мадона падна на концерт во Сиетл, но брзо се снајде во непријатната ситуација во која се најде не по своја вина. 65-годишната пејачка падна на сцената за време на настапот на нејзината прославена турнеја во арената Climate Pledge во Сиетл.

Таа седна на стол како дел од кореографијата за песната „Open Your Heart“. Додека танчерот го влечеше столот кон главната бина, се лизна и Мадона падна. Но, штом заврши на подот, Мадона се снајде како вистинска кралица на сцената. Успеа да го изведе падот да изгледа како токму тоа да го сака, се сврте на стомак и продолжи да пее. Видеото се прошири на социјалните мрежи.

 

„Никој ништо не може да и каже бидејќи тоа го правеше како кралица“. „Како да не ја сакаш!“ – коментираат обожавателите.

Share This Article