Триесет и двегодишен Македонец e убиен во германскиот град Есен, пишуваат германски медиуми.
Македонскиот државјанин бил претепан до смрт по расправија со двајца Еритрејци. Кавгата се претворила во тепачка во која тој бил удиран со тап предмет, објави германската полиција.
Според германските медиуми, убиениот, чиј идентитет не е познат, бил удрен со пивско шише по главата, по што починал од повредите. Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.
Според соопштението на полицијата 32-годишниот Македонец починал во болница како последица на повредите.
Двајцата сторители се обиделе да избегаат од местото на настанот кон железничката станица, но подоцна биле уапсени.
Во рамки на истрагата, потврден е сомнежот против еден од двајцата осомничени. На барање на јавното обвинителство во Есен, тој е изведен пред судија кој му одредил притвор за убиство од небрежност. Второто лице кое учествувало во нападот е пуштено на слобода. Обвинителството во Есен го истражува случајот.
Нема детали што била причината за расправијата која довела до смртта на македонскиот државјанин.