More

    Рускиот и севернокорејскиот лидер ќе се возат во исти коли

    spot_img

    Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун добил автомобил од рускиот претседател Владимир Путин како подарок „за лична употреба“, објавија официјалните медиуми. Подарокот од Путин за Ким Јонг Ун  го привлече вниманието на јавноста бидејќи може да претставува прекршување на санкциите на ОН против Пјонгјанг кои ги усвои и Москва.

    Двете земји воспоставија поблиски врски откако Ким и Путин се сретнаа во септември и ветија дека ќе промовираат размена во сите области додека нивната меѓународна изолација се продлабочува поради руската војна во Украина и развојот на нуклеарно оружје на Северна Кореја.

    „Автомобилот од руско производство беше предаден на соработниците на Ким на 18 февруари. Сестрата на Ким љубезно ѝ ја пренесе на руската страна благодарноста на Ким Џонг Ун до Путин, велејќи дека подарокот служи како јасна демонстрација на посебните лични односи на највисоките лидери“ – објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

    Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека внимателно ја следи соработката меѓу Русија и Северна Кореја, а истовремено ги повика двете земји да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

    „Санкциите на Советот за безбедност забрануваат директно или индиректно снабдување, продажба или пренос во Северна Кореја на сите транспортни возила меѓународно категоризирани како HS код 86 до 89, без оглед на нивното потекло, вклучувајќи ги и луксузните автомобили – изјави портпаролот на министерството, Лим Со-сук на прес-конференција.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руската државна новинска агенција РИА изјави дека корејскиот лидер добил автомобил „аурус“. Според веб-страницата на производителот на автомобили, автомобилот е првиот голем луксузен седан во Русија. Тоа е и претседателскиот автомобил на Путин.

    Во септември, за време на посетата на руската вселенска станица за лансирање на истокот на Русија, Ким ја прегледал лимузината „аурус сенат“ и бил поканет од рускиот лидер да седне на задното седиште. Ким до станицата пристигнал во лимузина Мајбах донесена со специјален воз со кој пристигнал од Пјонгјанг.

    Се верува дека Ким е страствен вљубеник во автомобили и има голема колекција на луксузни странски возила, за кои се верува дека се прошверцувани.

    „Мајбахот“ и другите автомобили во кои тој е виден, вклучително и неколку „мерцедеси“, ролс-ројс фантом“ и спортско теренско возило „лексус“, спаѓаат во луксузни стоки а кои е забранет увоз во Северна Кореја со резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

    Се верува дека Северна Кореја ја снабдува Русија со артилерија, ракети и балистички ракети за војната против Украина. Кремљ ниту демантираше, ниту потврди дека користи оружје од севернокорејско производство. Северна Кореја ги отфрла обвинувањата за испорака на оружје за Русија, што исто така би било кршење на санкциите на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img