Ана Ѓуриќ Констракта, српската претставничка на овогодинешната Евровизија го посети патријархот Порфириј, а на Инстаграм сподели фотографија со него, пишува Б92.
„Имав чест да дадам и да добијам подарок/триптих. И задоволство да ја слушнам и да ја разберам приказната за потенцијалот на граничната ситуација, за поддршката и за почитта“, напиша Констракта.
Уметницата од патријархот доби икона од три дела, која претставува триптих, како што се нарекува нејзиниот „Триптих“, во чии рамки е песната „In corpore sano“ со која ќе ја претставува Србија на овогодишната Евровизија.