Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: „други услужни дејности“ за 13,2 отсто, „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ за 13,1 и „стручни, научни и технички дејности“ за 11,6 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „рударство и вадење на камен“ за 7,5 отсто, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 5,9 и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2022 година, пак, изнесува 44.531 денар и е повисока за 6,8 отсто во споредба со февруари 2021 година.