Убавата вест откриена на црвениот тепих во Берлин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актерката Руни Мара (38) и нејзиот долгогодишен партнер Хоакин Феникс (49) чекаат принова. Убавата вест актерката ја откри на премиерата на филмот „Кујната“ („La Cocina“) на 74.издание на Берлинскиот филмски фестивал. Мара на црвениот тепих се појави во долг црн фустан под кој се гледаше нејзиниот труднички стомак.

Мара и Феникс се верени од 2019 година, а се запознале во 2012 година на снимањето на филмот „Таа“ („Хер“). Тие го имаат синот Ривер, кој е роден во 2020 година. Тој го добил името во чест на постариот брат на Феникс, кој починал на 23-годишна возраст во октомври 1993 година од предозирање со дрога. Тој глумеше во филмовите Stand By Me, Running on Empty и My Own Private Idaho.

Мара зборуваше на подкастот LaunchLeft пред неколку години за воспитувањето на нејзиниот син со Феникс.

– Во нашата куќа постојано зборуваме за креативни работи. Тоа не е куќа во која живеат двајца актери, затоа што не работев првите три и пол години колку што бевме заедно. Во суштина, откако сме заедно, јас работев само еднаш или двапати, а тоа беше нешто кратко – рече Руни Мара.

Share This Article