More

    По Бон и Берн, направи „смотра“ и во Венеција

    spot_img

    Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја продолжи турнејата по Европа по македонските амбасади и конзулати. Вчера бил во Генералниот конзулат на Македонија во Венеција, а претходно ги посети дипломатско конзуларните претставништва во Бон, Германија, Берн, Швајцарија, а следна негова дестинација треба да биде Виена, Австрија. Претходно Османи присуствуваше на Конференцијата за глобална безбедност во Минхен.

    Во Венеција, како што се вели во соопштение од МНР, била направена „дополнителна реорганизација на работата со цел излегување во пресрет на што е можно поголем број наши државјани и скратување на нивното време на чекање за подигање нови патни исправи“.

    Од сега Генералниот конзулат во Венеција ќе работи во две смени, како и во сабота и недела. Мобилната станица, која се користи во Генералниот конзулат во Венеција, согласно однапред утврден распоред ќе се користи и во македонските амбасади во Рим и во Малта, соопшти МНР.

    – Комодитетот на нашите државјани кога доаѓаат во Конзулатот како и брзите и ефикасни услуги, претставуваат приоритетна задача за сите нас. Има бројни предизвици, но мора да се организираме на најдобар можен начин. Ова е вонредна состојба, меѓутоа причината за што постојат претставништвата е токму олеснување и надминување на постапките преку дополнителен ангажман – изјави Османи.

    Воедно, Османи имаше директен контакт со нашите државјани, кои чекаа пред конзулатот за нивните потреби, со цел лично од нив да слушне кои се проблемите со кои се соочуваат и како сметаат дека би било подобро за на сите да им се олесни работата.

    – Дали со стари пасоши може од овде да се вратиме назад – праша еден од присутните.

    На ова Османи одговори:

    – Може, само ризично е на пример ако имаш само седум дена одмор од работа, да не го добиеш новиот пасош таму во Скопје, и да не можеш да се вратиш. Значи можеш да одиш, најбезбедно е да земаш патен лист кој сега го може да го добиете бесплатно.

    Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува оваа, како што ја нарече, „преквалификацијата на Бујар Османи од министер во фотограф во базни станици во македонските конзулати и ја цени за посоодветна на неговите капацитети“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img