More

    Почнува сослушување за дејствијата на Израел во Хаг

    spot_img

    Во Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг денеска почнува сослушувања за политиката и дејствијата на Израел на окупираните палестински територии. Педесет и две земји и три меѓународни организации ќе учествуваат на сослушувањата.

    Кон крајот на 2022 година, пред почетокот на војната во Појасот Газа, Генералното собрание на ОН побара од судот мислење за правната последиците од дејствијата на Тел Авив кон Палестинците на окупираните територии.

    Израел ја презеде контролата врз Западниот Брег и Источен Ерусалим во 1967 година. Во моментов, помеѓу населението од три милиони Палестинци, има и околу 700.000 израелски доселеници. Палестинците тврдат дека овие територии се независна држава со главен град Источен Ерусалим.

    Во јануари, Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи злосторството геноцид во Појасот Газа и да направи сè што е можно за да ги заштити животите на цивилите за време на тековната воена операција, што почна по нападите на Хамас на 7 октомври минатата година.

    Според прелиминарната пресуда во случајот поднесен од Јужна Африка со кој се обвинува Тел Авив за кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, тоа значи и дека Израел мора да дозволи поголема хуманитарна помош на опколените територии.

    Додека Советот за безбедност на ОН се очекува утре да гласа за резолуцијата што ја побараа арапските земји, претставени од Алжир со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа, САД веќе најавија дека ќе стават вето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img