Силен земјотрес утрово околу 9 часот и 20 минути го погоди поширокото подрачје околу Сараево.
Според досегашните податоци на ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од 6 километри, и на 10 километри североисточно од Сараево – поточно во местото Врапче на Скакавац.
Веб-страницата ЕМСЦ првично објави дека јачината на земјотресот била 4,0, но подоцна била корегирана и моментално наведува дека земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Ужасно силно траеше три-четири секунди, како нешто да пукнало“, наведуваат граѓани во сведочењата на оваа страница.
Некои додаваат дека земјотресот бил почувствуван и во областа Коњиќ, Зеница, Бреза, Високо, Фојница, Бугојно…