Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор. Тој е во затвор веќе неколку месеци, а неодамна почна судскиот процес за сексуалниот напад за кој беше обвинет.
– Тој е депресивен, депресивен е, добива помош од вработените во затворот – рекол еден од затворениците, според извештаи на бразилските медиуми, а се работи за личност со која Алвеш ја дели затворската ќелија.
Наводно, во затвор посегнале по „екстремни мерки“ токму поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер по почетокот на судењето.
Понатаму се наведува дека затворот покренал протоколи во случај на сомневање дека некој од затворениците размислува за самоубиство.
– Се плашат за неговата состојба, се плашат да не се пресече или да направи нешто лошо, лудо. Еден ден откако беше сослушан на судењето, протоколот беше активиран-, наводно рекол овој неименуван затвореник.